Политика на приватност
Учесникот кога ќе одбере поволност се согласува по добиеното известување да ги достави следниве податоци: име, презиме, e-адреса, телефонски број, трансакциска сметка а при подигање на подарокот од Техномаркет ќе се изврши увид во личната карта на добитникот, со цел негова идентификација и утврдување на правото на учество во програмата, односно дали лицето е полнолетно. Целта на користење и трансфер на податоци од страна на организаторот е само за да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во Coca-Cola програмата за дигитална интеракција и лојалност.
Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците само за целите на програмата за лојалност. Личните податоци од добитникот се бараат само заради проверка на правото за учество во програмата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во програмата. Со ова учесникот се согласува овие лични податоци (е-адреса и телефонски број) да бидат проследени до Техномаркет заради подигање на подарокот.
Од страна на организаторот Пивара Скопје а.д и соработниците ММС комуникации Македонија д.о.о. Скопје, НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА д.о.о.е.л. СКОПЈЕ и ВОРХОЛ д.о.о.е.л. Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа програма. Овластените лица своерачно ќе потпишат и изјава за тајност и за заштита на личните податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Организаторот на програмата се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на програмата, во согласност со законот. Организаторот на програмата се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на програмата. Потоа ќе ги уништи во согласност со неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.
„Колачиња“ (Cookies) се мали текстуални документи со податоци, кои може да бидат снимени на вашиот тврд диск од страна на некои од веб-страниците што ги посетувате. Нашиот веб-сајт користи „колачиња“ со цел следење на трансферот и начинот на испорака на услугите до нашите корисници и анализа на податоците на корисниците за статистички цели.
„Колачињата“ што ние ги користиме не овозможуваат пристап до личните податоци од трета страна.