Општи услови за учество во “Coca-Cola програма за дигитална интеракција и лојалност 2026”
Наведените услови се однесуваат на условите под кои можете да ја користите Coca-Cola програмата за дигитална интеракција и лојалност на Пивара Скопје АД (во понатамошниот текст „Програма“). Со прифаќањето на условите, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со правилата за користење на Програмата.
Што претставува Coca-Cola програмата за дигитална интеракција и лојалност 2026?
Coca-Cola програмата за дигитална интеракција и лојалност на Пивара Скопје АД (во понатамошниот текст само како Програма/Програмата), претставува програма за дигитална интеракција помеѓу брендот Coca-Cola и потрошувачите, со вклучено доделување на симболични поволности (подароци) од страна на Пивара Скопје АД, а со цел зајакнување на својата врска со лојалните потрошувачи на брендот. Со оваа програма, потрошувачите ќе имаат можност самите да активираат, изберат и користат бесплатни производи, поволности и искуства од Пивара Скопје АД и од партнерите кои учествуваат во програмата преку бесплатното инсталирање на Coca-Cola апликацијата.
Како можете да учествувате?
Начин на активирање
Прв чекор- креирање на профил
За потрошувачот да стане учесник во Програмата потребно е да ја преземе Coca-Cola апликацијата, и да креира свој профил.
Coca-Cola апликацијата може бесплатно да се преземе од Google Play Store за уреди со Аndroid оперативен систем или од Apple Store за уреди со iOS оперативен систем (во понатамошниот текст: “Апликацијата”).
Апликацијата ја има следната иконка
Апликацијата може да се преземе и директно со скенирање на QR кодот што е поставен на пакувањата на производите што се дел од Програмата, како и рекламните материјали во продажните места каде се продаваат истите производи.
Со преземање на апликацијата, идниот учесник во програмата треба да потврди дека ги прифаќа условите на истата.
За да може учесникот дa креира профил, неопходно е во апликацијата да ги внесе следните податоци: корисничко име, валидна адреса за е-пошта, држава и датум на раѓање.
Сите корисници на Coca-Cola апликацијата, кои веќе ја имаат инсталирано и имаат креирано свој профил, можат веднаш да преминат кон вториот чекор, односно со внесување на кодот од под капачето во апликацијата. Постоечките корисници на апликацијата, со директно преминување кон вториот чекор автоматски се регистрираат и имаат право за учество во програмата, а со тоа и ги прифаќаат условите на истата.
Втор чекор- внесување на кодот од под капачето
Вториот чекор потребен за учество во Програмата е потрошувачот во веќе инсталираната апликација да внесе код којшто може да го најде под капачето на било кој од производите наведени во овие услови за учество.
Секој учесник во Програмата може да учествува со внесување на кодови добиени од под капачињата на Производите што учествуваат во програмата, и тоа:
Производ | Пакување | поени |
Coca-Cola | PET 1,75 L | 1 |
Coca-Cola Zero | PET 1,75 L | 1 |
Fanta Orange | PET 1,75 L | 1 |
Fanta Tropical | PET 1,75 L | 1 |
Fanta Shokata | PET 1,75 L | 1 |
Coca-Cola | PET 1,25 L | 1 |
Coca-Cola Zero | PET 1,25 L | 1 |
Coca-Cola Cherry | PET 1,25 L | 1 |
Fanta Orange | PET 1.25 L | 1 |
Fanta Tropical | PET 1.25 L | 1 |
Fanta Shokata | PET 1.25 L | 1 |
Fanta Grape | PET 1.25 L | 1 |
Fanta Sprite | PET 1.25 L | 1 |
Schweppes Bitter Lemon | PET 1.5 L | 1 |
Во внесување во апликацијата на еден код добиен од било кое од наведените пакувања, учесникот ќе добие еден поен, симболично наречен „меурче“. Собраните поени (меурчиња) корисникот ги собира односно ги има во својот паричник на самата апликација. Меурчето е интеракциски механизам што нема никаква парична вредност и не може да се претвори во готовина, добра или услуги. Меурчињата не можат да се префрлаат или споделуваат помеѓу учесниците.
Со реализирање на првиот и вториот чекор (инсталирање на апликацијата и внесување на кодот од под капачето), потрошувачот, под овде наведените услови, во периодот на времетраењето на Програмата, стекнува можност, да стане учесник во Програмата.
Користење на поволностите од Програмата
Вредноста на поените (меурчињата) кои учесниците ги добиваат не се разликува во зависност од производот и пакувањето односно сите производи носат ист број на поени (види ја табелата погоре).
Секој код е уникатен (единствен) и може да биде внесен во профилот на Coca–Cola aпликацијата само еднаш.
По внесувањето на кодот, учесникот ќе добие една од следните нотификации, преку самата Апликација:
- Доколку се внесе валиден код, учесникот ќе добие нотификација:
”Успешно! Дали сакаш да внесеш уште некој код?”
- Доколку ист (односно веќе искористен) код се внесе по втор пат, ќе се добие нотификација:
”Кодот е веќе искористен”
- Доколку се внесе погрешен код, ќе се добие нотификација:
”Кодот не е валиден”
Едно лице може да внесе неограничен број на кодови во Coca-Cola апликацијата и да преземе, односно да одбере повеќе различни поволности (подароци) од достапните количини.
Добиените поени се собираат на профилот на учесникот за целото времетраење на програмата. Откако учесникот ќе собере одреден број на поени, ќе има можност истите да ги замени за поволност (подарок) во кое било време во периодот на времетраењето на програмата, под два услови:
- Учесникот да има доволен број на поени за замена за соодветната поволност (подарок), и
- Да има останата (достапна) количина од избраната поволност (подарок).
- Поволностите (подароците) се со ограничена количина која јасно ќе биде истакната на Coca-Cola апликацијата и ќе се ажурира во реално време. Над секоја достапна поволност (подарок) во апликацијата ќе биде поставен бројач каде ќе бидат јасно истакнат достапниот број на поволности (подароци) во секое време за целото времетраење на програмата. По истрошување на предвидениот број на поволности (подароци), над истата ќе биде ќе стои “0” во бројачот на поволности (подароци).
Потребниот број на поени (меурчиња) за секоја поволност (подарок) ќе биде видно истакнат под поволноста (подарокот) – во делот Поволности (подароци) во самата апликација.
По завршување на предвидениот период за траење на програмата (на 11.05.2026 година во 12:00 часот) престанува можноста за внесување на код во апликацијата, односно добивање на поен „меурче“. Собраните поени (меурчиња) корисниците имаат можност да ги искористат односно да ги заменат за поволности (подароци) до 11.06.2026 година до 12:00 часот.
Сите генерирани поени во тек на програмата, се валидни исклучиво за оваа програма. По 11.06.2026 во 12 часот, сите генерирани поени (меурчиња) на профилот на учесникот ќе бидат избришани и нема да постои можност за нивно понатамошно користење. Поените генерирани за време на претходни промоции и/или наградни игри во апликацијата, нема да бидат активни и нема да може да се користат во оваа програма.
Организаторот на програмата го задржува правото да ги одбие сите пратени кодови кои се стекнати на нелегитимен начин, репродуцирани, дуплирани, измислени или модифицирани на кој било начин. Организаторот не одговара за повремени технички пречки, прекини на работата на Соca –Cola апликацијата или прекини во интернет сообраќајот.
Доколку се открие дека кој било корисник, или корисник на Апликацијата ги прекршува, или има сомнение дека се обидува да ја пробие нивната мрежа, систем или софтвер, неговото учество во програмата веднаш се откажува и Coca-Cola Services S.A го задржува правото да го пријави на надлежните органи.
Coca-Cola Services S.A управува и е одговорна за целокупната функционалност на Апликацијата. Организаторот и Coca-Cola Services S.A не сносат апсолутно никаква одговорност ако од причини кои не се во нивна контрола или причини предизвикани од виша сила (индикативни, проблеми или техничка нефункционалност на телефонските мрежи или линии, онлајн компјутерските системи, сервер или провајдер, компјутерските компоненти, софтвер, неможност за праќање или примање податоци заради недоволен простор или заради технички проблеми или застој на интернет или на која било веб страница заради комбинација од овие настани, исклучување од интернет, и компјутерски вируси, малициозни или нелегални дејства или интервенции на трети лица, измамнички активности) нивното учество во Активацијата е одложено или оневозможено или од која било причина нивното учество во електронските системи на Апликацијата не е регистрирано.
Во програмата забрана за учество имаат лицата кои во текот на времетраењето на програмата се вработени кај Организаторот на програмата (Пивара Скопје АД), The Coca-Cola Company и членовите на нивните потесни семејства.
Учество и времетраење на програмата
Програмата ќе се реализира преку Coca-Cola мобилна апликација.
Програмата започнува на 16.02.2026 година во 12:00 часот и трае до 11.05.2026 година до 12:00 часот, односно до 11.06.2026 до 12:00 часот, за искористување на собраните поени (меурчиња).
Поволности (подароци)
Учесникот може, по своја сопствена проценка и желба, во секое време за периодот додека трае програмата, да ги замени своите собрани поени (меурчиња) за некој од понудените поволности (подароци), доколку поволноста (подарокот) што го избрал сеуште го има на залиха и доколку има собрано доволен број на поени.
Понудени се следните поволности (подароци) и количина:
Тостер HEINNER HEPG-F2000BKSS: 70
Рачен блендер HEINNER HB-1000XBK: 70
Миксер со сад HEINNER HMB-350BL: 60
Плитко тенџере 22 см: 800
Длабоко тенџере 16 см: 800
Тепсија 28 см: 2400
Кит-го-ваучер од 600 денари: 1650
Вива ваучер од 600 денари: 250
Жито-ваучер од 600 денари: 1850
Тинекс-ваучер од 600 денари: 1450
Веро-ваучер од 600 денари: 900
Рамстор-ваучер од 600 денари: 900
Вредносен ваучер од 300 денари: 1500
Paket.mk ваучер од 300 денари: 300
Wolt ваучер од 300 денари: 300
Korpa.mk ваучер од 300 денари: 300
Организаторот на програмата го задржува правото, во текот на програмата да го менува бројот и видот на поволностите (подароците), но достапноста на истите ќе биде во секое време видно истакната на соодветните полиња во Апликацијата.
Како можам да си изберам поволност (подарок)?
Кога ќе собере доволна количина на поени (меурчиња), учесникот стекнува можност да одбере една или повеќе поволности (подароци), а имајќи ги предвид достапните количини на поволности (подароци), видливо наведени на апликацијата. Со притискање на копчето “ОДБЕРИ” учесникот потврдува дека ја избира поволноста (подарокот), со што автоматски од паричникот на неговиот профил се одзема износот на (меурчиња) кои ги заменува за конкретната поволност (подарок).
За подароците (Тостер HEINNER HEPG-F2000BKSS, Рачен блендер HEINNER HB-1000XBK, Миксер со сад HEINNER HMB-350BL, Плитко тенџере 22 см, Длабоко тенџере 16 см, Тепсија 28 см и вредносе ваучер од 300 денари) учесникот при избор ќе добие порака со уникатен код, кој понатаму ќе треба да го внесе на микросајтот www.naracajpodarok.mk заедно со останатите потребни податоци за подигнување на наградата.
За подароците (Кит-го-ваучер од 600 денари, Вива фреш ваучер од 600 денари, Жито-ваучер од 600 денари, Тинекс-ваучер од 600 денари, Веро-ваучер од 600 денари, Рамстор-ваучер од 600 денари) учесникот при избор дирекно во Coca – Cola апликацијата ќе добие уникатен код, кој понатаму ќе може да го искористи во некој од продажните места на маркетите(Кит-го, Вива фреш, Жито, Тинекс, Веро, Рамстор).
За подароците (Paket.mk ваучер од 300 денари, Wolt ваучер од 300 денари, Korpa.mk ваучер од 300 денари) учесникот при избор дирекно во Coca – Cola апликацијата ќе добие уникатен код, кој понатаму ќе може да го искористи во нивните апликациите или на нивните сајтови во означените полиња.
Потребни поени за да изберете поволност (подарок):
- Тостер HEINNER HEPG-F2000BKSS: 72 (меурчиња)
- Рачен блендер HEINNER HB-1000XBK: 72 (меурчиња)
- Миксер со сад HEINNER HMB-350BL: 72 (меурчиња)
- Плитко тенџере 22 см: 48 (меурчиња)
- Длабоко тенџере 16 см: 36 (меурчиња)
- Тепсија 28 см: 36 (меурчиња)
- Кит-го-ваучер од 600 денари: 36 (меурчиња)
- Вива фреш ваучер од 600 денари: 36 (меурчиња)
- Жито-ваучер од 600 денари: 36 (меурчиња)
- Тинекс-ваучер од 600 денари: 36 (меурчиња)
- Веро-ваучер од 600 денари: 36 (меурчиња)
- Рамстор-ваучер од 600 денари: 36 (меурчиња)
- Вредносен ваучер од 300 денари: 24 (меурчиња)
- mk ваучер од 300 денари: 24 (меурчиња)
- Wolt ваучер од 300 денари: 24 (меурчиња)
- mk ваучер од 300 денари: 24 (меурчиња)
За подобра достапност на подароците до сите лојални Купувачи, еден учесник може да одбере исти подарок најмногу 3 (три) пати од подароците наведени од точка 1 до точка 6, односно најмногу 5 (пет) пати од подароците наведени од точка 7 до точка 16.
Достава/подигање на поволностите (подароците)
Поволностите (подароците) коишто Учесниците ќе ги изберат како замена за собраните поени, ќе им бидат доставени во рок не подолг од 60 дена (за поволностите (подароците) за кои се врши достава), односно во рок не подолг од 60 дена од денот на избирање на поволноста (подарокот) (за поволностите (подароците) кои се подигнуваат директно во продажните места) наведени подолу.
Учениците кои избрале поволност (подарок)/ поволности (подароци), а за потребата на достава односно подигнување, потребно е да достават информации за своето име и презиме, е-пошта, контакт телефон, трансакциона сметка (каде што е потребно), како и адреса за достава на поволноста (подарокот) на микросајтот www.naracajpodarok.mk, најдоцна до 30.06.2026 година до 23:59ч.
Сите учесници кои избрале вредносни ваучери од маркетите Веро, Тинекс, Рамстор, Жито, Кит-го, Вива фреш, Корпа, Пакет МК и од Wolt истите ќе добијат уникатед код односно ваучер во електронска верзија на нивната Coca-Cola апликацијата веднаш по изборот на податоците.
Вредносни ваучери од маркетите Веро, Тинекс, Рамстор, Жито, Кит-го, Вива фреш учесниците ќе можат да ги искористат директно во продажните места на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито, Кит-го, Вива фреш со прикажување на кодот што ќе го добијат во електронска верзија на Coca-Cola апликацијата и приложување на лична карта на увид заради нивна идентификација и утврдување на правото за учество во активацијата, најдоцна до 11.07.2026 година.
Учесниците кои избрале вредносен ваучер од Корпа, Wolt, Пакет Мк истите ќе добијат уникатеn код односно ваучер во електронска верзија на нивната Coca-Cola апликацијата веднаш по изборот на податоците.
Вредносни ваучери од Корпа, Wolt и Пакет Мк ќе можат дирекно да ги искористат во нивните апликациите или на нивните сајтови во означените полиња со внесување на уникатниот код, најдоцна до 11.07.2026 година.
Сите учесници кои избрале подарок од Техномаркет (Тостер HEINNER HEPG-F2000BKSS, Рачен блендер HEINNER HB-1000XBK, Миксер со сад HEINNER HMB-350BL) , како и Плитко тенџере 22 см, Длабоко тенџере 16 см, и Тепсија 28 см ќе може да го подигнат директно во продажните места на Техномаркет со прикажување на кодот од вредносниот ваучер што ќе го добијат во електронска верзија на нивната е-маил адреса, кој ке го внесат на микросајтот www.naracajpodarok.mk и приложување на лична карта на увид заради нивна идентификација и утврдување на правото за учество во активацијата, најдоцна до 11.07.2026 година.
Учесникот ќе треба да ги внесе следните податоци: име, презиме, локација на Техномаркет за подигнување, контакт телефон, е-пошта и единствен код на наградата.
Вредносен ваучер од 300 денари ќе биде исплатен најдоцна до 11.07.2026 година директно на транскациската сметка на учесникот, која ќе ја внесе на микросајтот www.naracajpodarok.mk.
Учесникот ќе треба да ги внесе следните податоци: име, презиме, трансакциска сметка, контакт телефон, е-пошта и единствен код на наградата.
Доколку учесниците кои што избрале поволност (подарок)/поволности (подароци) не ги внесат потребните податоци или не внесат точни податоци за достава на поволноста (подарокот), или внесат нецелосни или неточни лични податоци, Организаторот нема да се смета за одговорен.
Учениците кои избрале поволност (подарок) вредносен ваучер или друга поволност (подарок), истите не можат да ги заменат за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет. Вредноста на поволноста (подарокот) не е делива и се искористува одеднаш во целост.
Услови за искористување на поволностите (подароците)- вредносни ваучери
Учениците кои избрале поволност (подарок) вредносен ваучер ќе имаат право да ги искористат ваучерите во согласност со услови за користење наведени подолу најдоцна до 11.07.2026 година. По истекот на овој рок се губи правото на поволноста (подарок).
Маркети: Веро, Тинекс, Рамстор, Жито, Кит-го и Вива Фреш
Учениците кои избрале вредносен ваучер од маркет ќе може истиот да го искористат за кој било производ од целокупниот асортиман, вклучително и производи кои се на попуст во моментот на користење на ваучерот.
Доколку учесникот сака да купи производи со поголема вредност од вредноста на ваучерот, учесникот за истиот ќе може да изврши доплата. Доколку учесникот сака да купи производи со помала вредност од вредноста на ваучерот, за разликата не може да добие враќање.
Доколку еден учесник одбере повеќе вредносни ваучери, учесникот може да ги собере вредносните ваучери во еден збирен износ и да подигне производ/производи во износ еднаков на збирниот износ на ваучерите.
Вредносните ваучери од маркетите Веро, Тинекс, Рамстор, Жито, Кит-го, Вива фреш може да се искористат во сите продавници на соодветниот маркет. За искористување на ваучерите, учесниците треба да се обратат на главна каса во маркетот каде ќе го користат истиот.
Корпа и Wolt
Учениците кои избрале вредносен ваучер од Корпа и Wolt ќе може истиот да го искористат за кој било производ од целокупната понуда, вклучително и производи кои се на попуст во моментот на користење на ваучерот.
Вредносниот ваучер може да се искористи со дирекно внесување на ваучерот во апликацијата на Корпа или Wolt.
Доколку учесникот сака да купи производи со поголема вредност од вредноста на ваучерот, учесникот за истиот ќе може да изврши доплата. Доколку учесникот сака да купи производи со помала вредност од вредноста на ваучерот, за разликата не може да добие враќање.
Доколку еден учесник одбере повеќе вредносни ваучери, учесникот може да ги собере вредносните ваучери во еден збирен износ и да подигне производ/производи во износ еднаков на збирниот износ на ваучерите.
Пакет.мк
Учениците кои избрале вредносен ваучер од Пакет.мк ќе може истиот да го искористат за кој било производ од целокупната понуда, вклучително и производи кои се на попуст во моментот на користење на ваучерот.
Вредносниот ваучер може да се искористи со дирекно внесување на ваучерот на вебсајтот на www.paket.mk
Доколку учесникот сака да купи производи со поголема вредност од вредноста на ваучерот, учесникот за истиот ќе може да изврши доплата. Доколку учесникот сака да купи производи со помала вредност од вредноста на ваучерот, за разликата не може да добие враќање.
Доколку еден учесник одбере повеќе вредносни ваучери, учесникот може да ги собере вредносните ваучери во еден збирен износ и да подигне производ/производи во износ еднаков на збирниот износ на ваучерите.
Право на приговор
Секој учесник има право да поднесе приговор до Организаторот во рок од 5 (пет) дена од денот на детектирање на неправилност или техничка неисправност на апликацијата. Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од денот на неговиот прием.
Грешки
Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот, односно Нарачателот нема да се смета за одговорен.
Одговорност
- Организаторот, нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на поволностите (подароците), како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на истите.
- Организаторот, не презема одговорност во случај на спор помеѓу учесниците во врска со сопственоста на капачињата или отварачите за лименки со кодови од пакувањата кои учествуваат во оваа програма.
- Организаторот не презема одговорност за функционалноста на апликацијата, системот и механизмот преку кој ќе се одвива активацијата, избирањето и доставувањето односно превземањето на поволностите (подароците). За евентуални повремени технички пречки и прекини на работата на Coca-Cola апликацијата, одговара компанијата NV Coca-Cola Services SA лоцирана на следната адреса Chaussée de Mons 1424, 1070 во Брисел, во чија сопственост е апликацијата.
Обработката на личните податоци
Учениците кои избрале поволност (подарок) вредносен ваучер од маркетите на Тинекс, Веро, Рамстор, Жито и Кит-го како и поволност (подарок) од Техномаркет (Тостер HEINNER HEPG-F2000BKSS, Рачен блендер HEINNER HB-1000XBK, Миксер со сад HEINNER HMB-350BL), како и Плитко тенџере 22 см, Длабоко тенџере 16 см,Тепсија 28 см, согласни се при подигање на ваучерот/ подарокот да се изврши увид во кодот и личната карта на учесникот, со цел негова идентификација и утврдување на правото на учество во програмата, односно дали лицето е полнолетно. Доколку учесникот кој што ја избрал поволноста (подарокот) не е полнолетно лице, нема да му биде овозможено да го подигне ваучерот како размена на ИД бројот/ кодот.
- Целта на користење и трансфер на податоци од страна на Организаторот и Соработниците ангажирани за спроведување на програмата (ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје, НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕи ВОРХОЛ ДООЕЛ Скопје) е исклучително да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во активацијата.
- Организаторот и Соработниците ќе ги користи и обработува личните податоци на учесниците исклучиво за целите на програмата и тоа заради идентификација на учесникот, заради проверка на правото за учество во програмата и за достава.
- Партнерите на Пивара Скопје кои ќе ги реализираат ваучерите, при увидот на истите треба да го потврдат идентитетот на учесникот што го избрал конкретниот ваучер. За таа цел, на учесникот може да му биде побаран документ за лична идентификација на увид.
- Од страна на ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје, Пивара Скопје АД Скопје, НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕи ВОРХОЛ ДООЕЛ Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа програма. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.
- Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на програмата согласно закон.
- Организаторот се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на програмата дека во овој период ќе применува технички и организациски мерки кои ќе обезбедуваат соодветен степен на тајност и заштита на лични податоци на субјектите на лични податоци.
- После тоа истите ќе ги уништи согласно неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.
- Апликацијата е во сопственост на компанијата NVCoca-Cola Services SA лоцирана на следната адреса Chaussée de Mons 1424, 1070 во Брисел.
- Дата центарот на компанијата NV Coca-Cola Services SA се наоѓа на Amazon Web Services Ireland Region со ентитет Amazon Web Services Inc на адресата 440 Terry Ave N, Seattle, WA 98109 .
- Дата центарот на контакт центарот НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ е лоциран на следнава адреса Hardtrumstrasse 161, 8005 Цирих, Швајцарија.
- Дата центарот на Microsoft Azure сервисот кој ќе биде закупен за поставување на базата и хостирање на веб страницата naracajpodarok.mkсе наоѓа во Цирих, Швајцарија.
Прекин на програмата во случај на виша сила
Активацијата може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе програмата поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на програмата, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.
Потенцијални спорови
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците во програмата надлежен е Основниот граѓански суд Скопје во Скопје.
Контакт центар
За дополнителни информации учесниците може да се јават на телефонскиот број 02/ 3207 751 секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот, во периодот од 16.02.2026 година до 11.06.2026 година.