Правила за наградната игра “Coca-Cola  Супер  Наградна  Игра 



Член 1: Назив и седиште на трговското друштво

Организатор на наградната игра “Coca-Cola  Супер Наградна Игра” е ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје, со седиште на улица Франклин Рузвелт 37/3, 1000 Скопје и ЕДБ МК4030996253997 (во понатамошниот текст Организатор).
 Организаторот е исклучиво одговорен за административно, техничко и организациско спроведување на наградната игра, односно законски предвидените права и обврски на Организаторот на наградна игра. Организаторот не одговара за квалитетот, искористувањето или евентуалната невозможност за користење на наградите.

 

Член 2: Услуги и производи  заради  чие   рекламирање  се приредува наградната игра

Цел на наградната игра организирана од ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје е рекламирање на производите на Пивара Скопје АД (Нарачател на наградната игра).
 Нарачателот на наградната игра ги обезбедува средствата, односно наградите кои се доделуваат во рамки на наградната игра.

 

Траење на наградната игра

Наградната игра започнува на 18.05.2026 година, во 12:00 часот и трае до 26.08.2026 година до 12:00 часот.

 

Во периодот од 18.05.2026 во 12:00 часот до 22.07.2026 година до 23:59' часот, во наградната игра учествуваат следните промотивни, специјално обележани наградни пакувања:

  • Coca-Cola и Coca-Cola Zero од 450 ml во пластична амбалажа со промотивно, специјално обележано наградно пакување, кои имаат код под бело промотивно капаче;
  • Лименки Coca-Cola и Coca-Cola Zero од 330 ml во промотивно, специјално обележано наградно пакување, кои имаат код под отварачот на лименката;
  • Coca-Cola и Coca-Cola Zero од 250 ml во стаклена амбалажа со промотивно, специјално обележано наградно пакување, кои имаат код на внатрешната страна на задната етикета;

Во периодот од 23.07.2026 во 00:00' часот до 26.08.2026 година до 12:00 часот во наградната игра учествуваат:

  • Coca-Cola и Coca-Cola Zero од 250 ml во стаклена амбалажа со промотивно, специјално обележано наградно пакување, кои имаат код на внатрешната страна на задната етикета;

Член 3: Име, опис и времетраење на наградната игра


Официјалното име на наградната игра е “Coca-Cola Супер Наградна Игра ”.

 

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие правила (Учесници).

 

Наградната игра ќе се одвива преку Coca-Cola мобилна апликација и ќе се доделуваат дневни награди по пат на инстант добивка преку т.н. добитни моменти (winning moments) и извлекување по случаен избор (lucky draw). Услов за започнување и учество во Наградната игра е потрошувачот да купи било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила. 

 

Апликација

За потрошувачот да стане учесник во Наградната игра потребно е да ја превземе Coca-Cola апликацијата, да креира свој профил и да го внесе кодот од внатрешната страна на етикетата, од под капачето или под отварачот на лименката од Производите кои учествуваат во наградната игра, во дадениот период, а се наведени во член 2 од овие Правила.

 

Coca-Cola апликацијата може бесплатно да се превземе од Google Play Store за уреди со Аndroid оперативен систем или од Apple Store за уреди со iOS оперативен систем (во понатамошниот текст: “Апликацијата”). 

Апликацијата ја има следната иконка

Апликацијата може да се превземе и директно со скенирање на QR кодот кој е поставен на пакувањата на производите кои учествуваат во Наградната игра и рекламните материјали во продажните места каде се продаваат тие производи.

 

Со преземање на апликацијата, потрошувачот треба да потврди дека ги прифаќа условите на истата.

 

За да може учесникот дa креира профил, неопходно е во апликацијата да ги внесе следните податоци: корисничко име, валидна адреса за е-пошта, држава и датум на раѓање. Сите корисници на Coca-Cola апликацијата, што веќе ја имаат инсталирано и имаат креирано свој профил, со внесување на кодот од внатрешната страна на етикетата, од под капачето или под отварачот на лименката од Производите наведени во член 2 од овие Правила, се регистрираат и имаат право за учество во наградната игра и ги прифаќаат условите на истата.

 

Траење на наградната игра

Наградната игра започнува на

18.05.2026 година, во 12:00 часот на пладне и трае до 26.08.2026 година до 12:00 часот на пладне.

 

По завршување на наградната игра (на 26.08.2026 година во 12:00 часот на пладне) престанува можноста за искористување на преостанатите поени од страна на учесниците во наградната игра, како и можноста за добивање на награди.

 

Сите генерирани поени во тек на наградната игра, се валидни исклучиво за оваа наградна игра. По завршувањето на наградната игра сите генерирани поени на профилот на учесникот ќе бидат избришани и нема да постои можност за нивно понатамошно користење. Поените генерирани за време на претходни промоции и наградни игри во апликацијата, нема да бидат активни и нема да може да се користат во оваа наградна игра.
 

 

 

Внесување на кодови

Секој учесник во наградната игра може да учествува со внесување на кодови од Производите кои учествуваат во наградната игра, а се опишани во член 2 од овие Правила, во Coca-Cola апликацијата наведена погоре, за кои во апликацијата ќе добива по 1 (еден) поен во вид на “Gem” поен. Собраните поени корисникот може да ги види полето “Инфо за биланс” на самата апликација.

 

Секој внесен код, без разлика од кое пакување од Производите наведени во член 2 од овие Правила потекнува,  се конвертира во 1 (еден) поен во вид на “Gem” поен. 

 

Секој код е уникатен (единствен) и може да биде внесен во Coca–Cola aпликацијата само еднаш. Еден учесник може да учествува во наградната игра неограничен број пати и има шанса да освои повеќе различни награди, но со различни кодови. 

 

По внесувањето на кодот, учесникот ќе добие една од следните нотификации, преку самата Апликација:

  • Доколку се внесе валиден код, учесникот ќе добие нотификација: ”Успешно! Дали сакаш да внесеш уште некој код?”
  • Доколку ист (односно веќе искористен) код се внесе по втор пат, учесникот ќе добие нотификација:”Кодот е веќе искористен.”
  • Доколку се внесе погрешен код, учесникот ќе добие нотификација: ”Погрешен код.”
  • Доколку се внесе код за кој нема активна промоција, учесникот ќе добие нотификација: ”Кодот не е активен.”

 

Во периодот од 23.07.2026 година во 00:00' до 23.07.2026 година до 12:00' на пладне, заради префрлање од првиот во вториот период на наградната игра, и техничко односно системско подесување, учесникот ќе има можност да внесува кодови и за истите да добива “Gem” поени, но истите ќе може да ги игра, односно користи по 12:01' на 23.07.2026 година па се до 26.08.2026 година до 12:00 часот кога завршува наградната игра.

 

Користење на “Gem” поените

Добитни моменти (winning moments)

Секој учесник во наградната игра откако ќе го внесе кодот, и ќе добие еден Gem, може да учествува во инстант добивка преку добитни моменти (winning moments).

Кога учесникот избере да учествува во можноста за инстант добивка преку добитни моменти, “Gem” поенот  го користи со клик на полето означено со “да си ја испробам среќата” во самата Апликација, со што ќе биде искористен еден “Gem” поен. Веднаш потоа учесникот ќе добие порака во Апликацијата дали искористениот поен е добитен или не, односно дали освоил награда. Која награда ја освоил добитникот може да види на својот профил во Апликацијата.

 

Со секој обид за добивање на награда учесникот губи, односно користи по еден Gem. Gem поените, добиени со внесување  на кодови во Coca-Cola апликацијата, не мора да се искористат во моментот на внесување, но треба да се потрошат до крајот на наградната игра (26.08.2026 година до 12:00 часот на пладне). По наведениот датум, престанува можноста за искористување на преостанатите поени.

 

Добитниците, како и освоените награди се одредуваат по компјутерски пат со користење на алгоритам за случаен избор. Алгоритмот по случаен избор одредува добитен момент и првиот поен кој е искористен по тој момент станува добитен, во таа прилика алгоритмот одредува и награда која ќе го освои добитниот “Gem” поен.
 

Извлекување по случаен избор (lucky draw)

Во извлекувањeтo по случаен избор (lucky draw) учестуваат сите искористени "Gem" поени за кои учесникот не добил награда.

 

При извлекувањето, од сите регистрирани кодови за тоа извлекување, по случаен избор ќе бидат извлечени уникатните броеви на купони кои ќе добијат награда (подетално опишано во член 8 од овие Правила).  

 

 

 

Техничка функционалност

Учеството во наградната игра подразбира заинтересираните да имаат пристап до интернет (Internet) со сопствени технички средства.

 

Доколку корисникот има потешкотии да го внесе кодот во апликацијата, треба да сочува фотографија од истиот и да го контактира контакт центарот на телефонскиот број 02/ 3207 751 секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот, за проверка и помош.

 

Со апликацијата управува единствено Coca-Cola Services S.A која е одговорна за нејзината функционалност. Во секој случај, Нарачателот, Организаторот и Coca-Cola Services S.A не се одговорни за било какви индикативни проблеми или техничка нефункционалност на телефонските мрежи или линии, онлајн компјутерските системи, сервер или провајдер, компјутерските компоненти, софтвер, неможност за праќање или примање податоци заради недоволен простор или заради технички проблеми или застој на интернет или на која било веб страница заради  причини кои не се во нивна контрола, виша сила или комбинација од овие настани, вклучително и поради исклучување на интернет-конекција, дејство на компјутерски вируси, малициозни или нелегални дејства или интервенции на трети лица и/или измамнички активности кои би можеле да отежнат или спречат   учество во Наградната игра или поради кои учеството или регистрација на Апликацијата е одложено или оневозможено.

 

Права на организаторот и нарачателот

Организаторот на наградната игра го задржува правото да ги одбие сите испратени кодови кои се стекнати на нелегитимен начин, репродуцирани, дуплирани, измислени или модифицирани на кој било начин. Организаторот, односно Нарачателот не одговара за повремени технички пречки, прекини на работата на Соca–Cola апликацијата или прекини во интернет сообраќајот. 

 

Доколку се открие дека кој било корисник на Апликацијата ги прекршува правилата на учество или има сомнение дека се обидува да ја пробие мрежата, системот или софтверот, неговото учество во Наградната игра веднаш се откажува, со можност против таквиот корисник да бидат преземени и сите други мерки на заштита и санкција, вклучително и пред надлежни органи.

 


Член 4: Територија


Наградната игра се организира и спроведува на територија на Република Северна Македонија.


Член 5: Рекламирање


Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми (телевизија, радио и интернет, социјални медиуми), печатените медиуми и други медиуми, како и на местата каде се продаваат производите наведени во член 2 од овие Правила.



Член 6:  Награден фонд

Наградната игра располага со награден фонд од вкупно  13.964 награди кои може да се освојат и тоа:

 

 

ТАБЕЛА СО НАГРАДИ

Вкупниот максимален награден фонд за целото траење на наградната игра изнесува 3.299.019 денари.

 

 

Во периодот од 18.05.2026 до 22.07.2026 година во наградната игра можат да се освојат следните награди:

  • Фудбал - 3600
  • Спортска торба - 4100
  • Маица - 600
  • Торба за ладење - 4600
  • Мини фрижидерче - 55
  • Tелевизор Хисенсе - 6 (Карактеристики: 55'', 4K Ultra HD 3840x2160, QLED технологија, Dolby Vision.Atmos (HDR), AI 4K Upscaler, AI Smooth Motion, GameMode Plus)

 

Во периодот од 23.07.2026 до 26.08.2026 година во наградната игра можат да се освојат следните награди:

 

  • Слушалки Genesis Gaming Radon 210 7.1 Backlight USB - 400
  • Звучник Gembird Bluetooth SPK-BT-15 - 600
  • Звучник Marshall ACTON III Bluetooth - 3

 

 

 

Член 7: Услови за учество во наградната игра


Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие правила (учесници). Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои во текот на времетраењето на наградната игра се вработени кај Организаторот на наградната игра (ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје), Нарачателот (Пивара Скопје АД), НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје, ВОРХОЛ ДООЕЛ Скопје,  The Coca-Cola Company и членовите на нивните потесни семејства. 

 

Услов за започнување и учество во Наградната игра е потрошувачот да купи било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила во промотивно пакување. На тој начин, во периодот на времетраењето на Наградната игра и под условите на Наградната игра, наведени во овие Правила, стекнува можност да стане учесник во Наградната игра.

 

Со преземање на Coca-Cola апликацијата и прифаќање на условите на истата, креирање на профил и внесување на кодот од внатрешната страна на етикетата, од под капачето или под отварачот на лименката кои се дел од Производите наведени во член 2 од овие Правила, потрошувачите се регистрираат за учество во наградната игра.

 

Со внесување на кодови од Производите кои учествуваат во наградната игра во Coca Cola апликацијата се добиваат “Gem” поени, видливи  во полето “Инфо за биланс” на самата апликација. 

 

Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, Организаторот ќе ги објави на  веб страницата coca-cola.mk, пред започнување на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.

 

 

Член 8. Определување на добитници во наградната игра


Во наградната игра предвидено е да се доделат вкупно 13.964 награди на исто толку добитници. Од нив, 12.961  награди ќе се доделат во периодот од 18.05.2026 до 22.07.2026, а останатите 1003 награди ќе се доделат во периодот од 23.07.2026 до 26.08.2026.

 

Наградите преку инстант - механизмот “добитни моменти” се освојуваат на следниов начин:

  • При искористување на еден “Gem” поен со клик на полето означено со “да си ја испробам среќата” во самата апликација, учесникот веднаш ќе добие порака на екранот дали искористениот поен е добитен или не, односно дали освоил награда. Со секој обид за добивање на награда учесникот губи/користи по еден “Gem” поен.
  • При освојување на награда, учесникот на својот профил во апликацијата може да види која награда ја освоил и уникатниот код на истата (ИД број на наградата). 
  • Добитниците ќе се определуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор.
  • За доделување на предвидените награди во текот на секој ден, по случаен избор се определуваат добитни моменти кои се менуваат секојдневно. Добитниците како и освоените награди се одредуваат по компјутерски пат со користење на алгоритам за случаен избор. Алгоритмот по случаен избор одредува добитен момент и првиот искористен поен по тој момент, односно во периодот од почетокот на одреден добитен момент сѐ до почетокот на новиот добитен момент, станува добитна. Во таа прилика алгоритмот ја одредува и наградата. Сите корисници кои ќе искористат поен по првиот корисник, односно откако ќе се додели награда во одреден добитен момент сѐ до почетокот на новиот добитен момент ќе добијат порака дека не се добитници на награда. 
  • Во случај во тековниот добитен момент да нема искористено ниту еден поен, наградата предвидена за тој добитен момент се префрла во следниот добитен момент. Притоа, доколку во добитните моменти во тековниот ден не се доделат сите предвидени награди за тој ден и останат недоделени награди, истите се префрлаат и ќе бидат доделени следниот ден.

 

Наградите преку механизмот извлекувањe по случаен избор може да се освојуваат на следниов начин:

  • Во извлекувањето учествуваат сите регистрирани корисници на апликацијата кои извршиле размена на “Gem” поен со купон за учество во наградната игра и не добиле инстант награда преку механизмот добитни моменти.
  • Извлекувањeтo во наградната игра ќе се одвива вo две кола, на 29.07.2026 година во 14.00 часот и на 02.09.2026 година во 14.00 часот.
  • Во извлекувањето на 29.07.2026 учествуваат сите испратени недобитни кодови во перидот од 12:00 часот на 18.05.2026 година до 23:59 часот на 22.07.2026 година.
  • Во извлекувањето на 02.09.2026 учествуваат сите испратени недобитни кодови во перидот од 00:00 часот на 23.07.2026 година до 12:00 часот на 26.08.2026 година.
  • Добитниците се одредуваат автоматизирано по компјутерски пат со користење на алгоритам за случаен избор, без влијание на човечки фактор.
  • Во извлекувањето на 29.07.2026 ќе бидат извлечени шест добитници на по еден  телевизор Hisence.
  • Во извлекувањето на 02.09.2026 ќе бидат извлечени 3 добитници на по еден  звучник Marshall од Техномаркет.

 

 

Во извлекувањето по случаен избор, ќе се извлекуваат уште по два резервни добитници во случај добитникот да не биде достапен на контакт - центарот или пак да не сака да ја подигне наградата. 

 

Доколку се појави пречка за доделување на наградата, односно добитникот внел невалидни податоци при регистрација, во рок од 10 работни денови од денот на извлекувањето, и од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, ниту пак Нарачателот на наградната игра, ќе се смета дека не сака да ја подигне наградата, тој/таа го губи правото на награда и наградата преминува на следниот резервен добитник.

 

Наградите ќе се извлекуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор од страна на специјално креиран софтвер за оваа намена инсталиран во просториите на НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, со седиште на ул. Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје. Дата центарот е лоциран на следнава адреса Hardtrumstrasse 161, 8005 Цирих, Швајцарија.

 

За спроведувањето на наградната игра ќе се грижи жири комисија со членови составени од:

  1. Претставник од Пивара Скопје АД Скопје;
  2. Претставник од ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје и
  3. Претставник од НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ СКОПЈЕ

 

 

 

По завршување на наградната игра (на 26.08.2026 година во 12:00 часот на пладне) престанува можноста за искористување на претходно генерираните поени и добивање на награди.

 

Член 9. Објавување на резултатите од наградната игра


Добитниците на награди ќе бидат објавени на веб страницата coca-cola.mk во рок од три дена од денот на извлекување на наградите, односно во рок од три дена од денот на определување на добивките и добитниците.

 

Добитниците на награди, со самото учество во наградната игра, се согласни доколку добијат некоја награда, нивната е-маил адресата со која се регистрирани на апликацијата (со скриени 5 карактери) и наградата која ја добиле, да бидат јавно објавени на веб страницата www.coca-cola.mk 

 

Со учеството во оваа наградна игра, учесниците изречно изјавуваат и потврдуваат дека се согласни со собирање, обработка и пренос на нивните лични податоци на начин опишан во овие Правила. Целта на користење и трансфер на погоре наведените лични податоци од страна на Организаторот е исклучително да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во наградната игра, односно за доделување на наградата. Со учество во Наградната игра и прифаќање на овие правила добитникот е согласен податоците за испорака (единствен код на наградата, име, презиме, контакт телефон, е-пошта и адреса за достава), односно овие лични податоци, да бидат проследени до правното лице (курирската служба) кое ја организира испораката односно подигањето на наградите.

 

 

Член 10. Доделување на наградите


Наградите ќе бидат доделени во рок не подолг од 60 дена од објавувањето на добитниците. По истекот на овој рок, Организаторот нема никаква одговорност за евентуалното неподигање на доделените награди.

 

Добитниците на награди ќе треба да ги оостават податоците опишани подолу во овие правила потребни за достава на наградата на микросајтот www.naracajpodarok.mk, најдоцна до 15.09.2026 година:

 

 

Потребни податоци за наградите (Фудбал, Спортска торба, Маица, Торба за ладење, Слушалки, Звучници) се:

  • име и презиме
  • телефонски број
  • е-пошта/ е-маил адреса
  • локацијата на Техномаркет каде што сака да ја подигне наградата 
  • единствен код на наградата

 

Потребни податоци за наградите (ТВ Хисенсе) се:

  • име и презиме
  • телефонски број
  • е-пошта/ е-маил адреса
  • адреса за достава на наградата
  • град
  • единствен код на наградата
  • ЕМБГ поради вредноста на наградaта над 5000 денари.

 

Потребни податоци за наградите (Мини Фрижидерче, Marshall Звучник) се:

  • име и презиме
  • телефонски број
  • е-пошта/ е-маил адреса
  • единствен код на наградата
  • локацијата на Техномаркет каде што сака да ја подигне наградата
  • ЕМБГ поради вредноста на наградaта над 5000 денари.


 

Сите добитници на награди, ќе добијат потврдна порака во самата апликација, со уникатен код на наградата и линк до микросајтот www.naracajpodarok.mk каде треба да ги остават потребните податоци со цел организирање на достава на наградата до адресата за достава, односно подигање. 

 

Организаторот ги овластува Нарачателот и Техномаркет за оперативната организација, евиденција и реализација на подигањето на наградите од продажните места на Техномаркет, вклучително и идентификација на добитниците и издавање потврди за добивка во согласност со важечките законски прописи. Организаторот не врши непосредна контрола на процесот на подигање на наградите, но има право на увид во целокупната документација и евиденција со цел исполнување на своите законски обврски.

 

Сите евентуални побарувања, приговори или спорови поврзани со подигањето на наградите од продажните места на Техномаркет, добитниците ги остваруваат директно кон Нарачателот и/или Техномаркет, кои се одговорни за организацијата и реализацијата на овие активности, вклучително и за неподигање, задоцнето подигање или евентуални недостатоци поврзани со испораката на наградите.

Нарачателот и Техномаркет се должни да состават писмен извештај еднаш неделно за сите доставени награди, кој ќе се достави до Организаторот, со цел навремено да се пресмета и уплати данок на доход од добиените награди во согласност со применливото законодавство.

 

Добитниците наградите ќе можат да ги  подигнат директно во продажните места на Техномаркет  со прикажување на кодот од вредносниот ваучер што ќе го добијат во електронска верзија на нивната е-маил адреса, кој ке го внесат на микросајтот www.naracajpodarok.mk  и приложување на лична карта на увид заради нивна идентификација, по изминување на 15 (петнаесет) дена сметано од денот на внесување на податоците на микросајтот www.naracajpodarok.mk или најдоцна до 26.10.2026 година.

 

Учесникот ќе треба да ги внесе следните податоци: име, презиме, локација на Техномаркет за подигнување,  контакт телефон, е-пошта и единствен код на наградата.

Доколку добитниците не ги внесат потребните податоци или не внесат точни податоци за подигање на наградата, ќе се смета дека не сакаат да ја подигнат наградата, а Организаторот нема да се смета за одговорен по било кој основ. Притоа, за главните награди ќе се пристапи на доделување на следниот резервен добитник.

 

Во случај на доставување на нецелосни или неточни лични податоци, наградата нема да може да се подигне. 

 

Во случај да се достават нецелосни или неточни лични податоци или податоци за лице кое не е полнолетно, наградата нема да биде врачена.

Во случај малолетно лице да внесе неточни или лажни податоци за својата возраст, спротивно на правилата на наградната игра и на тој начин да учествува или да биде избрано за добитник, Организаторот не сноси никаква одговорност во однос на не доделувањето на наградата.

 

Малолетни лица немаат право да ја подигнат наградата, но доколку наградата се достави по електронска пошта и биде примена од малолетно лице, целосната одговорност за нејзиното користење и последиците ја сноси неговиот законски застапник, при што Организаторот не сноси никаква одговорност.

 

 

Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет. Вредноста на наградата не е делива и се искористува одеднаш во целост.

 

По истекот на 60-те дена од последното извлекување, Организаторот нема никаква одговорност околу наградите. Во случај  да нема доволно пријавени учесници за да се доделат планираните награди – наградите остануваат како недоделени и му остануваат на Нарачателот на наградната игра (Пивара Скопја АД). 

 

 

Член 11. Право на приговор


Секој учесник има право да поднесе приговор за текот на наградната игра до Организаторот во рок од 5 (пет) дена од објавување на добитниците на веб страната а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од денот на неговиот прием.



Член 12. Несовпаѓање


Во случај на печатни грешки во рекламните материјали или несовпаѓање на фотографиите од наградите и нивниот реален изглед, Организаторот, односно Нарачателот нема да се смета за одговорен.



Член 13. Одговорност

 

Организаторот и Нарачателот немаат било каква одговорност за штета настаната од или во врска со реализацијата на оваа наградна игра (реална или изгубена добивка), на било кои трети лица, освен доколку таквата штета не настанала по изречна вина на Организаторот, односно Нарачателот. 

 

Одговорност на Организаторот односно Нарачателот

  • Организаторот ќе биде одговорен до целосна реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна до 60 дена од денот на завршување на наградната игра.
  • Со плаќањето на  персоналниот данок (за награди во вредност над 5.000 денари) и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
  • Организаторот, односно Нарачателот, нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
  • Организаторот, односно Нарачателот, не презема одговорност во случај на спор помеѓу учесниците во наградната игра во врска со сопственоста на капачињата или отварачите за лименки со кодови од пакувањата наведени во член 2 од овие Правила. 
  • Организаторот, односно Нарачателот не превземаат одговорност за функционалноста на апликацијата, системот  и механизмот преку кој ќе се одвива наградната игра, доделувањето, доставувањето и превземањето наградите и наградните ваучери. За евентуални повремени технички пречки и прекини на работата на Coca-Cola апликацијата, одговара компанијата NV Coca-Cola Services SA лоцирана на следната адреса Chaussée de Mons 1424, 1070 во Брисел, во чија сопственост е апликацијата.Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.
  • Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
  • Извлекувањето на награди по случаен избор ќе се спроведе од страна на НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје и ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје. Дата центарот на НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје е лоциран на следнава адреса Hardtrumstrasse 161, 8005 Цирих, Швајцарија. 
  • Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Нарачателот (Пивара Скопје АД).Пивара Скопје АД Скопје, НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје и Ворхол ДООЕЛ Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

 

 

Согласност на учесникот

  • Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку добие некоја награда, неговата е-маил адресата со која е регистриран на апликацијата (со скриени 5 карактери) и наградата која ја добил, да бидат јавно објавени на веб страницата www.coca-cola.mk и во апликацијата Coca-Cola.

 

  

 

Член 14. Одобрение за обработката на личните податоци


Добитниците на награди се согласни при подигање на наградата да се изврши увид во добитниот код и личната карта на добитниците, со цел нивна идентификација и утврдување на правото на учество во наградната игра, односно дали лицето е полнолетно. Добитниците се согласни  да ги достават следните податоци: единствен код на наградата, име, презиме, е-пошта, контакт телефон и ЕМБГ, на микросајтот www.naracajpodarok.mk.

 

Доколку добитникот на наградата не е полнолетно лице, нема да му биде овозможено да добие награда како размена на добитниот бар код.

 

Добитникот на награда со вредност над 5000 денари е согласен да ги достави следните податоци: единствен код на наградата, име и презиме, е-маил адреса и телефонски број, адреса за достава и ЕМБГ, со цел доделување на наградата. Добитниците на награди во вредност над 5000 денари треба да го дадат и својот ЕМБГ за да може Организаторот во нивно име да изврши уплата на персоналниот данок за добиената награда, односно да исполни законска обврска.   

 

Целта на користење и трансфер на податоци од страна на Организаторот е исклучително да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во наградната игра и исплата на даночни обврски по повод истата. Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на Наградната игра и тоа заради идентификација на добитникот, заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра. 

 

Субјектите кои ќе ги реализираат ваучерите при увидот на истите треба да го потврдат идентитетот на добитникот. За таа цел, на добитникот може да му биде побаран документ за лична идентификација на увид. 

 

Од страна на ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје, Пивара Скопје АД Скопје, НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје и Ворхол ДООЕЛ Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

 

Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра согласно закон.

 

Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра  дека во овој период ќе применува технички и организациски мерки кои ќе обезбедуваат соодветен степен на тајност и заштита на  лични податоци на субјектите на лични податоци. После тоа истите ќе ги уништи согласно неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци. 

 

Апликацијата е во сопственост на компанијата NV Coca-Cola Services SA лоцирана на следната адреса Chaussée de Mons 1424, 1070 во Брисел. Дата центарот на компанијата NV Coca-Cola Services SA се наоѓа на Amazon Web Services Ireland Region со ентитет  Amazon Web Services Inc на адресата 440 Terry Ave N, Seattle, WA 98109

 

Дата центарот на контакт центарот НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје е лоциран на следнава адреса Hardtrumstrasse 161, 8005 Цирих, Швајцарија.


Дата центарот на Microsoft Azure сервисот кој ќе биде закупен за поставување на базата и хостирање на веб страницата www.naracajpodarok.mk се наоѓа во Цирих, Швајцарија.

 

 

Член 15. Прекинување на наградната игра


Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно член 9 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.

 

Член 16. Потенцијални спорови


Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје во Скопје.

 

 

Член 17. Задолжителни правила


Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

 

Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје. 

За дополнителни информации учесниците може да се јават на телефонскиот број 02/ 3207 751 секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот, во периодот од 18.05.2026 година до 26.8.2026 година.

 

 

 

Организатор

ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје

Cookies
МЕСТЕЊЕ НА „КОЛАЧИЊА“